Информации

Регулаторна комисија за домување
Руѓер Бошковиќ бб
Поштенски бр. 1000 Скопје
Тел.
+389(2) 3070-746
web:
www.rkd.gov.mk

Регулаторна комисија за домување

Регулаторната Комисија има својство на правно лице и е независна во своето работење и одлучување во рамките на надлежностите утврдени со Законот за домување.

Регулаторната комисија за домување ги има следниве надлежности:

  1. донесува статут, деловник и други акти за својата работа;
  2. се грижи за квалитетно задоволување на станбените потреби на населението, согласно со современите стандарди  за  квалитетен  живот, заштита на животната  средина и природата;
  3. до министерот надлежен за работите од станбено-комуналната област поднесува предлог за висината на  износот за посебните делови од резервниот фонд најниската вредност на истиот, како и за видот на трошоците за кои ќе се користат средствата од резервниот фонд, во зависност од староста на објектот, бројот на посебните делови во зградата и видот на материјалот од кој е изградена зградата;
  4. на барање на закупец на непрофитен стан ја проверува висината на непрофитна закупнина од членот 95 став 1 на Законот за домување;
  5. врши категоризација на становите согласно со пропишаните критериуми од членот 97 (став 1) на Законот за домување;
  6. ги издава, менува и одзема лиценците за вршење на управување, за што води регистар на управители на станбени згради;
  7. покренува  иницијатива за донесување на закони и други прописи од областа на домувањето;
  8. посредува во разрешувањето на спорови што настануваат меѓу закупците, закуподавачите, управителите,  сопствениците на посебните делови и трети лица во областа на домувањето и предлага мерки во врска со истите и  доставува предлог до надлежните органи за преземање мерки во согласност со нивната надлежност и во  постапка пропишана со закон кон субјектите кои нивната надлежност и во дејноста ја вршат спротивно Законот за домување.