Информации

ЈП "Паркови и зеленило"
бул. Илинден бб, 1000 Скопје
Тел. + 389 (2) 3297 241
email:parkovi@t-home.mk
Работно време
08.30 - 16.30 часот

Решение за сечење (корнење-кастрење) на дрва, грмушки и жива ограда на јавна или дворна површина

Опис на постапка

  1. Уредно пополнето барање се поднесува до одделението за комунални работи од областа на комуналната хигиена и одржување и користење на паркови и зеленило;
  2. Одговорно лице од Градот Скопје и од ЈП “Паркови и зеленило“ излегува на терен по однос на барањето;
  3. Се изготвува  записник и
  4. Откако ќе биде утврдено дека условите се исполнети следува изготвување на решение, од страна на одговорните.

Рокови за постапката: согласно ЗОУП.

Документ што граѓанинот го добива: Решение за сечење (корнење-кастрење) на дрва, грмушки и жива ограда на јавна или дворна површина

Потребни документи

  • Барање за издавање на решение  (со наведена адреса на место на живеење, телефон за контакт на барателот и проблемот што го предизвикува дрвото за кое се однесува барањето) и
  • Административна такса за барањето – 50,00 ден. (уплатница).