Информации

Скопје
ул. Битпазарска бр.12 , 1000 Скопје
тел: 02 3237 850
факс: 02 3222 957
моб: 071 991 981

Битола
ул. Панда Чеснова
7000 Битола
тел: 047 232 880
e-mail: bitola@zkomora.mk

Велес
ул. Димо Хаџи Димов бр.23
1400 Велес
тел: 043 234 593
e-mail: zan_komveles@yahoo.com
veles@zkomora.mk

Виница
ул. Илинденска бр.78
2310 Виница
тел: 033 361 386
e-mail: vinica@zkomora.mk

Гевгелија
ул. Панде Дуганов бр.1
1480 Гевгелија
тел: 034 212 930
факс: 034 213 868
e-mail: rzk_gevgelija@yahoo.com
gevgelija@zkomora.mk

Гостивар
ул. Кочо Зози бр.15
1230 Гостивар
тел: 042 520 266
e-mail: gostivar@zkomora.mk

Дебар
ул. 8ми Септември
бб 1250 Дебар
тел: 046 838 000
e-mail: rzk_debar@yahoo.com
debar@zkomora.mk

Куманово
Гоце Делчев
Локалитет Гарнизон бр. 71
1300 Куманово
Тел/Факс: 031 424 227
Моб: 071 685 139
070 604 608
e-mail: kumanovo@zkomora.mk

Охрид
ул. Дејан Војвода бр. 55
6000 Охрид
тел: 046 260 202
моб: 070 504 490
070 492 688
e-mail: ohrid@zkomora.mk

Прилеп
ул. Републиканска бр. 44
7500 Прилеп
e-mail: rzk_prilep@yahoo.com
prilep@zkomora.mk

Ресен
Градски Т. Ц. бр.11
7310 Ресен
тел: 047 452 550
e-mail: resen@zkomora.mk

Струмица
ул. Боро Џони бр. 6
2400 Струмица
тел: 034 323 913
e-mail: rzk_strumica@yahoo.com
strumica@zkomora.mk
fotogole@yahoo.com

Штип
ул. Васил Главинов бб 2000 Штип
тел: 032 522 602
032 382 079
e-mail: rzk_stip@yahoo.com
stip@zkomora.mk

Решение за упис во регистарот на занаетчии

Во занаетчиски дејности спаѓаат:

  • Фризери;
  • Козметичари;
  • Златари;
  • Фотографи;
  • Часовничари;
  • Пекари и брурекџии;
  • Слаткари;
  • Прец. Механичар;
  • Ел. Механичари;
  • РТВ механичари;
  • Винклери;
  • Автомеханичари, автоелектричари и автолимари;
  • Оптичари;
  • Металци;
  • Лимари;
  • Столари;
  • Шивачи;
  • Чевлари;
  • Папуџии;
  • Каменоресци;
  • Хемиско чистење;
  • Цвеќари;
  • Фирмописци, печатари и графичари;
  • Машинобравари;
  • Тапетари;
  • Пластичари и
  • Градежници.

Опис на постапката

За вршење на занаетчиската дејност физичкото лице поднесува писмено барање до комората, за упис во Регистарот на занаетчии, во местото каде што се наоѓаат просториите каде што се врши занаетчиската дејност. Доколку занаетчиската дејност не се врши во простории, барањето за упис во Регистарот на занаетчии се поднесува во местото на живеење

Решението за упис во Регистарот на занаетчии содржи:

  • име, татково име, презиме и адреса на живеалиштето на занаетчијата;
  • единствен матичен број на граѓанинот;
  • занаетчиските дејности што ќе се вршат, како и шифрите на дејностите, согласно со Националната класификација на дејности и
  • фирма, скратена ознака на фирмата, доколку ја има, седиште и адреса на просториите.

Со денот на уписот на занаетчиската дејност во Регистарот на занаетчии, физичкото лице се стекнува со својство на занаетчија.

Регистарот на занаетчии е јавна книга и секое заинтересирано лице може да има увид во него.

По еден примерок од решението за упис во Регистарот се доставува до органот надлежен за работите од областа на јавните приходи во местото каде што е регистрирана занаетчиската дејност, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Фондот за здравствено осигурување, Централниот регистар на Република Македонија и Агенцијата за вработување во местото на живеење на занаетчијата.

Предвиден рок за постапката: Комората во рок од осум дена од денот на поднесувањето на барањето донесува решение за упис во Регистарот на занаетчии.

 Потребни документи за регистрација

  • Барање до комората за упис во Регистарот на занаетчии;
  • доказ за стручно образование (оригинал или заверено кај нотар);
  • здравствена книшка и
  • лична карта (фотокопија).