Информации

Град Скопје
бул. “Илинден“ бб, 1000 Скопје
Сектор за финансии/ Одделение за утврдување и наплата на данок на имот
Работно време:
09.00-15.00 часот

Решение за утврдување на времена измена на условите и режимот на сообраќајот

Опис на постапка

  1. За утврдување на времена измена на условите и режимот на сообраќајот, Секторот за сообраќај издава Решение во согласност со Министерот за внатрешни работи.
  2. Ова решение се издава кога се утврдува времена измена на условите и режимот на сообраќајот со ограничено време на важност, a се во границите на подрачјето на Градот Скопје, утврдено со Законот за Градот Скопје.
  3. Со барањето, барателот доставува Основен сообраќаен проект за утврдување на времена измена на условите и режимот на сообраќајот, изработен на соодветно ниво и намена, согласно техничките прописи за проектирање, нормативите и стандардите во областа на сообраќајот.
  4. Во колку Основниот сообраќаен проект за утврдување на времена измена на условите и режимот на сообраќајот, се однесува за изведување на градежни работи, тогаш Барањето заедно со Основниот сообраќаен проект како и Решението за локациски услови, треба да бидат доставени преку Општината која е надлежна за издавање на Одобрението за градење за тие градежни работи.
  5. По разгледување на целокупната доставена сообраќајно-техничка и друга документација, Секторот за сообраќај, преку својата архива, со допис ја доставува до МВР – СВР, Одделение за БПС, согласно законските прописи за нивно произнесување, односно за прибавување на Согласност.
  6. Субјектот заинтересиран за добивање на наведениот документ/акт, треба во доставената документација да наведе и контакт телефон.
  7. Веднаш по добивање на Согласноста, овој Сектор изготвува Решение и заедно со целокупната  документација ја доставува за потпис и печат.
  8. На крајот постапката завршува со допис, се доставува заверената документација, а тоа е Решение и Проекти на адреса на барателот, за понатамошна реализација.

Времената измена на условите и режимот на сообраќај се утврдува заради вршење на одредени градежни и други работи, а притоа не можат да се запазат постојните утврдени услови и режим на сообраќајот, особено како што се:

  • реконструкција, санација, отстранување на дефекти и слично, на постојната улична мрежа и инфра структура;
  • прекопување на коловози и тротоари заради приклучок на постојната инфраструктура или изведување на нова;
  • изведување на подготвителни работи, изградба на нова градба, реконструкција и адаптација на постојна градба што опфаќа: земјени работи, изведување на градежна конструкција, градежно-инсталатерски работи, вградување постројки или опрема и други работи;
  • поставување на заштитна и друга опрема по сообраќајниците во Градот Скопје (заштитни, одбојни, и преградни огради.

Предвиден рок за постапката: од 4 до 6 работни дена, во овие денови не влегуваат и деновите потребни за прибавување на Согласност од МВР-СВР.

Документ/акт што граѓанинот го добива: Решение за утврдување на времена измена на условите и режимот на сообраќајот

Потребни документи

  • барање  за решение за утврдување на времена измена на условите и режимот на сообраќајот
  • административни такса за барањето – 200,00 денари, уплатница и
  • oсновен сообраќаен проект за утврдување на условите и режимот на сообраќајот, во еднообразни копии со неограничен број, од кои по една копија се задржуваат во Секторот за сообраќај и во МВР-СВР одделение за БПС, другите се враќаат.

Ако за реализација на Решението потребни се и градежни зафати, тогаш следи:

  • барање од надлежен орган, кој ќе го издаде Одобрението за градење;
  • основен сообраќаен проект за утврдување на условите и режимот на сообраќајот, во еднообразни копии со неограничен број, од кои по една копија се задржуваат во Секторот за сообраќај и во МВР-СВР одделение за БПС, другите се враќаат;
  • решение за локациски услови и
  • субјектот заинтересиран за добивање на наведениот документ/акт треба во доставената документација да наведе и контакт телефон.