Информации

Царинска управа на РМ
Сектор: Надлежна Служба за надзор на иматели на одобренија

ул. Колекторска бб, Скопје
Тел. +389 (2) 3173 711

ул. Краварски пат бб Битола
Тел. +389 47 269 255

Царинска база бб, Гевгелија
Тел. +389 034 216 062

ул. Индустриска бб Куманово
тел. +389 031 432 616

ул. Брегалничка бб, Штип
Tел. +389 32 391 341

Решение за враќање на увозни давачки за стока ставена во постапка на увоз за облагородување со систем на враќање на давачките

Опис на постапка

  1. Барањето за  враќање на увозни давачки  се поднесува на пропишан образец (Прилог 50 од Уредбата за спроведување на царинскиот закон) до надлежната Служба за надзор на иматели на одобренија.
  2. Административна такса за одобрение е 500,00 денари и административна такса за барање е 50,00 денари.
  3. Барањето се поднесува во рок од 6 месеци по денот кога завршува рокот за завршување на постапката за увоз за облагородување со систем на враќање на давачките.
  4. Решението го дава надлежната Служба за надзор на иматели на одобренија.

Предвиден рок на постапката: 30 дена.

Потребни документи

  • Барање за решение за враќање на увозни давачки за стока ставена во постапка на увоз за облагородување со систем на враќање на давачките;
  • Административна такса за одобрение, 500,00 денари (уплатница);
  • Aдминистративна такса за барање, 50,00 денари (уплатница);
  • Уплатница за извршена уплата со налог за јавни приходи (Oбразец ПП50);
  • Уверенија за движење ЕУР.1 и
  • Лична карта од физичкото лице кое е ополномоштено да ги подигне уверенијата за движење ЕУР.1 (цената на уверенијата е 60,00 денaри).