Информации

Ревизорско тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош (ИПА)
Ул. „Васил Главинов“ бр.12/1-ТЦЦ Плаза
Тел.
+389(2)3215-621
Факс
+389(2)3222-304
email: ipa_aa@dzr.gov.mk

Ревизорско тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош (ИПА)

Работите на ревизија на системот за имплементација, раководење и контрола на инструментот за претпристапна помош во Република Македонија (ИПА) ги врши Ревизорско тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош.

Главниот ревизор за ИПА во рамките на своите права и должности, утврдени со овој закон, ги врши особено следниве задачи:  1) го предлага буџетот на Ревизорското тело; 2) го донесува годишниот работен план за ревизија; 3) го пропишува начинот на вршење на ревизија на ИПА; 4) ги поднесува ревизорските извештаи и мислења согласно со членот 26 став (1) од овој закон; 5) ги донесува актите за спроведување на овој закон; 6) ја пропишува формата и содржината на службената легитимација, како и начинот на издавање и одземање на истата; 7) го донесува актот за организација и работа на Ревизорското тело и актот за систематизација на работните места во Ревизорското тело; 8) одлучува за правата и обврските на вработените во Ревизорското тело согласно со закон; 9) донесува акт за начинот на водење на дисциплинска постапка во Ревизорското тело; 10) формира комисии и други работни тела во рамките на Ревизорското тело; 11) комуницира со медиумите со цел за информирање на јавноста за работата на Ревизорското тело и 12) врши и други работи утврдени со овој закон.