Информации

Влада на Република Македонија
„Илинденска" бб., 1000 Скопје
тел, +389 (2) 3118-022

Служба за општи и заеднички работи на Владата на РМ

Службата врши општи работи и услуги за потребите на Претседателот на Република Македонија, Владата на Република Македонија, министерствата и органите во состав, секретаријати и други стручни служби на Владата на Република Македонија и Уставниот суд на РМ.

За Претседателот на Република Македонија на кого му престанала функцијата, како и за членовите на семејството на Претседателот на Република Македонија по престанување на функцијата, Службата врши општи работи и услуги во согласност со закон.

Службата може да врши општи работи и услуги и за потребите на самостојните органи на државната управа, управните организации, правосудните органи и други државни  органи, врз основа на договор и со надоместок.

Службата ги извршува следните општи работи и услуги:

  • сметководствено-финансиски;
  •  за потребите на Владата на Република Македонија води внатрешна евиденција на недвижностите кои таа ги користи;
  • услуги на писарница (прием, заведување, распоредување и доставување пошта и пратки);
  •  дактилографски услуги;
  • стенографски услуги;
  •  јазична редакција на текстовите и материјалите (лекторирање);
  • одржување на објектите и деловните простории што ги користат органите на државната управа и репрезентативните и резиденцијалните објекти, во согласност со Програмата за инвестиционо одржување на репрезентативните и резиденцијалните објекти и службени простории на органите на државната управа;
  •  набавка на мебел и опрема за потребите на Владата на Република Македонија и репрезентативните и резиденцијалните објекти;
  •  тековно одржување на објектите и деловните простории што ги користат органите на државната управа и репрезентативните и резиденцијалните објекти;
  •  воспоставување и одржување внатрешни и надворешни телефонски и телефакс врски;
  •  обезбедување на објектите;
  •  1111 заштита;
  •  хортикултурно уредување на работните простори, репрезентативните и другите објекти, одржување на парковите и зеленилото и набавка на сакциско цвеќе и цветни аранжмани;
  •  печатење и умножување материјали;
  • превоз со моторни возила за службени потреби;
  •  превоз со воздухоплови за службени потреби;
  •  резервација на авиобилети и билети за железничкиот сообраќај за службени патувања во странство;
  •  услуги за мобилна телефонија;
  •  набавка на канцелариски материјали, тонери, тоалетна хартија, средства за хигиена и друго;
  •  угостителски услуги;
  • одржување хигиена;
  • учество во организирање манифестации;
  •  изградба на градежни објекти;
  • реконструкција на објекти и деловни простории кои ги користат органите на државната управа и репрезентативните и резиденционалните објекти, во согласност со Програмата за инвестиционо одржување на репрезентативните и резиденционалните објекти и службени простории на органите на државната управа, и
  • други работи и услуги од општ карактер.