Информации

Фонд на пензиското и инвалидското осигурување на РМ
Стручна служба – Централа – Скопје
ул. „23 Октомври” бр. 11, 1000 Скопје
Тел. + 389 (2) 3250 100
Факс. + 389 (2) 3162 275
Инвалидски комисии
Тел. + 389 (2) 3065 184
Факс. + 389 (2) 3065 223
Контакт-центар тел.:
15 215 (секој работен ден од 9:00 – 16:00)

Солидарен фонд – посмртна помош на корисници на пензија

На корисник на пензија, со негова согласност, му се запира дел од пензијата за обезбедување на средства потребни за исплата на посмртна помош за членовите на неговото семејство.

Средствата за солидарен фонд – посмртна помош Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на РМ ги уплатува на посебна потсметка во рамките на трезорската сметка со назнака „Средства за солидарен фонд – посмртна помош на корисници на пензија“.

Постапката започнува со поднесување барање за исплата на посмртна помош (солидарен фонд) од страна на член на семејството или друго лице кое го извршило погребот на корисникот на пензија. Барањето се поднесува до подрачната единица на Стручната служба на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на РМ, според адресните податоци каде што се вршела исплатата на пензијата на корисникот на пензија до денот на смртта.

Кон барањето се приложуваат и следните документи:

– извод од матична книга на умрените;
– последен чек за пензиските примања на починатиот корисник;
– број на трансакциска сметка на наследникот, на која ќе бидат уплатени средствата и
– фактура за извршен погреб.