Информации

Совет за радиодифузија
Бул. „ВМРО“ бр. 3
Поштенски бр. 1000 Скопје
Република Македонија
Тел:
+389(2) 3103-400
Факс:
+389(2) 3103-401

Совет за радиодифузија

Советото за радиодифузија е независно регулаторно непрофитно тело со јавни овластувања во радиодифузната дејност. При остварувањето на своите надлежности, кои се утврдени со Законот за радиодифузната дејност, СРД се грижи за обезбедување на слободата и плурализмот во изразувањето, за постоењето разновидни, независни и самостојни медиуми, за економски и технолошки развој на дејноста и за заштита на интересите на граѓаните во радиодифузната дејност.

Советот за радиодифузија ги врши следниве работи:

  •  Ја спроведува стратегијата за развој на радиодифузната дејност во Република Македонија;
  •  Одлучува за доделување, одземање и обновување на дозволите за вршење радиодифузна дејност;
  •  Ги координира активностите со Агенцијата за електронски комуникации при донесување на Планот за доделување и користење на радиофреквенции во делот што се однесува на радиодифузијата;
  •  Врши надзор врз работата на субјектите кои вршат радиодифузна дејност од аспект на почитувањето на одредбите на овој закон, дозволата за вршење радиоди­фуз­на дејност и актите на Советот за радиодифузија, што се однесуваат на програм­ските содржини;
  •  Донесува одлуки, правила, заклучоци, упатства, препораки и други акти, утврдува ставови и предлози за спроведување на Законот за радиодифузната дејност;
  •  Го информира органот надлежен за заштита на авторските и сродните права кога се сомнева дека е сторена повреда на авторски и сродни права за кои поседува докази;
  •  Разгледува претставки од граѓаните во врска со радио и телевизиските програми и програмските сервиси реемитувани преку јавните комуникациски мрежи и во врска со работата на радиодифузерите и редовно ја известува јавноста во врска со преземените мерки;
  • Презема мерки пропишани со закон против радиодифузерите што не ги извршу­ваат своите обврски утврдени со закон, дозволата за вршење радиодифузна дејност и актите на Советот за радиодифузија;
  •  дава мислење и учествува при подготвувањето на закони, прописи и други акти што се однесуваат на радиодифузната дејност, како и при склучувањето, однос­но пристапувањето на Република Македонија кон меѓународни договори од областа на радиодифузијата и го обезбедува нивното спроведување;
  •  Одобрува листа на настани од посебен интерес за јавноста на Република Македонија и презема мерки за заштита на правото на пристап на јавноста до овие настани, за да се оневозможи некој радиодифузер, со добивањето исклучиво право на пренос на настанот, да лиши значителен дел од населението од можноста да го следи настанот;
  •  Донесува акти за организација и систематизација на работите и задачите на стручната служба;
  •  Издава потврди за извршена регистрација на радио и телевизиски програмски сервиси што се реемитуваат преку јавна комуникациска мрежа;
  •  Донесува и спроведува мерки утврдени со овој закон, поднесува прекршочни и кривични пријави и врши други работи предвидени со овој или друг закон.