Информации

Центар за стручно образование и наука
„50-та Дивизија“ бб
Поштенски бр. 1000 Скопје
Тел:
+389 23135-484
Факс:
+ 389 3111-085

Центар за стручно образование и обука

 Центарот за стручно образование и обука, е професионална јавна установа која обезбедува поддршка и развој на стручното образование и на сите субјекти заинтересирани за стручното образование во Републиката (социјални партнери, образовни установи, ученици, наставници).

Надлежности на Центарот за стручно образование и обука

  • безбедување на квалитет на средното образование и постојано следење и евалуација на резултатите на учениците, наставниците и училиштата;
  • обезбедување на подобра вертикална и хоризонтална подвижност на учениците во системот на средното образование и нивна натамошна проодност.;
  • задоволување на зголемените барања на економијата во поглед на оспособување  на кадрите за стекнување на нови компетенции (знаење, вештини, способности);
  • квалитетно поврзување на образованието и пазарот на трудот и создавање на пофлексибилни врски;
  • натамошно усвојување и иновирање на стандардите на занимањата и на образовните програми;
  • воведување на нови образовни програми;
  • задоволување на рамнотежата помеѓу општото и стручното образование;
  • обезбедување услови за стекнување дипломи и сертификати за квалификации усогласени со европските стандарди;
  • развој  на систем на стандарди на занимања, образовни стандарди, стандарди за институции и наставници;
  • реализација и усогласување на мрежата на средните стручни училишта со потребите на стопанството, пазарот на трудот и политиката на вработувањето;
  • обезбедување на различни извори на финансирање на стручното образование и друго.