Информации

ЕВН Македонија
Дирекција - Ул. 11 Октомври 9, 1000 Скопје
тел. +389 (2) 3205 000
Број за информации: 0890 12345
Број за дефекти: 0890 88888
email. info@evn.mk

Упатство за приклучување на електричната мрежа на ЕВН Македонија

Согласност за приклучување на електричната мрежа на ЕВН Македонија е потребна  при:

  • изградба на нов објект кој се приклучува на електричната мрежа,
  • зголемување на одобрената максимална едновремена моќност на корисникот на електричната мрежа,
  • промена или реконструкција на приклучокот по барање на корисникот на електричната мрежа,
  • промена на техничките карактеристики на уредите на корисниците на електричната мрежа кои имаат изразено повратно влијание на електричната мрежа,
  • обединување на повеќе мерни места во едно мерно место и
  • поделба на мерното место на поголем број на мерни места.

Опис на постапка

  1. Приклучувањето на објектите на правните и физичките лица на електричната мрежа на ЕВН Македонија се врши врз основа на Решение за согласност за приклучување издадено од страна на ЕВН Македонија.
  2. Барањето за согласност за приклучување се поднесува до Корисничките енергетски центри на ЕВН Македонија во писмена форма на образец БСП – 1  кој може да се прибави без надомест во Корисничките енергетски центри на ЕВН Македонија каде е лоциран објектот на корисникот.

ЕВН Македонија нема да ги приклучи објектите на правните и физичките лица кои:

  • немаат прибавено согласност за приклучување на електричната мрежа,
  • самоволно изградиле приклучок спротивно на Мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија и Решението за согласност за приклучување на дистрибутивната мрежа.

Неовластено приклучените правни и физички лица ќе бидат исклучени од мрежата на ЕВН Македонија и против нив ќе биде поднесена кривична пријава за кражба на електрична енергија. Документ што правното/физичкото лице го добива: Решение за согласност за приклучување на барателот на електричната мрежа, кое содржи технички услови и детална пресметка натрошоци за изведба на приклучокот и трошоци за приклучување на дистрибутивниот систем (ставање под напон). Потребен рок за постапката: рокот за издавање на Решение за согласност за приклучување изнесува 15 дена за стандарден приклучок и 60 дена за нестандарден приклучок согласно мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија од денот на поднесувањето на барањето за приклучување.

Одбивање на барање за приклучување

  ЕВН Македонија ќе го одбие барањето за приклучување доколку:  

  • не постојат технички услови за приклучување на корисникот на дистрибутивниот систем според барањето на корисникот;
  • приклучувањето на корисникот на електричната мрежа, според податоците содржани во барањето на корисникот, може да предизвика загрозување на сигурноста во снабдувањето на останатите потрошувачи;
  • барателот има неплатени обврски кон EVN Македонија.

Незадоволната странка има право да изјави жалба против Решението за одбивање на барањето за согласност за приклучување на ЕВН Македонија до Регулаторната комисија за енергетика во рок од 15 дена од денот на приемот на решението. Во зависност од местоположбата, оддалеченоста на местото на приклучување и максималната едновремена моќност на објектот на потрошувачот постои стандарден и нестандарден  приклучок.