Информации

Централен регистар на РМ
бул. Кузман Јосифоски Питу бр.1, 1000 Скопје
Тел. + 389 (2) 3290 241,
+ 389 (2) 3290 248
Факс.+ 389 (2) 3123 169
Работно време
Понеделник до петок: 8.30 - 16.30

Упис на престанување на друштвото во трговскиот регистар (Друштво со ограничена одговорност)

Опис на постапка

  1. Пријавата за упис на престанувањето на друштвото во трговскиот регистар поради истекот на времето за коешто е основано друштвото или поради одлуката на содружниците за престанување на друштвото, управителот мора без одлагање да ја поднесе.
  2. Ако управителот не постапи на овој начин,  тој е лично и неограни-чено одговорен за штетата што ќе ја предизвика.
  3. По спроведувањето на ликвидацијата, односно на постапката за стечај се врши упис на бришењето на друштвото во трговскиот регистар.
  4. Барањето за упис го поднесува ликвидаторот, односно стечајниот судија.
  5. Решението за бришењето на уписот на друштвото се објавува на трошок на друштвото.
  6. Трошоците за уписот на бришење и објавувањето паѓаат на товар на друштвото.