Информации

Централен регистар на РМ
Бул. Кузман Јосифоски Питу бр.1, 1000 Скопје
Тел. + 389 2 3290-241,
+ 389 2 3290-248
Факс.+ 389 2 3123-169
Работно време
Понеделник до петок
8.30 - 16.30

Упис на управител (Друштво со ограничена одговорност)

Управителот, неговото овластување за застапување на друштвото и сите промени, без одлагање, се запишуваат во трговскиот регистар.

Кон пријавата за упис на управителот се приложува:

  • одлуката за избор на управителот, освен ако назначувањето не е извршено со договорот за друштвото;
  • одлуката за отповикување, ако претходниот управител бил отповикан;
  • оставката во писмена форма, ако на претходниот управител му престанал мандатот со оставка;
  • актот со којшто се определува видот и обемот на застапувањето;
  • доказ дека нема забрани според членот 231 став (4) ЗТД и
  • Потписот на управителот, односно потписите на лицата овластени за застапување – заверени, приложени и дадени во согласност со членот 65 ставови (2) и (3) од ЗТД.