Информации

Централен регистар на РМ
бул. Кузман Јосифоски Питу бр.1, 1000 Скопје
Тел. + 389 (2) 3290 241,
+ 389 (2) 3290 248
Факс.+ 389 (2) 3123 169
Работно време
Понеделник до петок: 8.30 - 16.30

Упис на зголемување на основната главнина од резервите (Друштво со ограничена одговорност)

Зголемување на основната главнина се врши со одлука на собирот на содружниците што има карактер на одлука со којашто се врши измена на договорот за друштвото. Зголемување на основната главнина може да се врши со преземање:

  1. нови влогови и
  2. со внесување на резервите и на добивката на друштвото во основната главнина.

Опис на постапка (Упис на зголемување на основната главнина од резервите)

  1. Пријавата за упис во трговскиот регистар на зголемувањето на основната главнина од средствата на резерви на друштвото мора да се поднесе без одлагање.
  2. Ќе биде извршен упис на одлуката за зголемување на основната главнина во трговскиот регистар, ако поднесената годишна сметка не е постара од 8 месеца од последниот ден на којшто се однесува до денот на поднесувањето на пријавата за упис на зголемувањето на основната главнина во трговскиот регистар.
  3. При уписот не се проверува и не се испитува дали поднесената годишна сметка е вистинита и составена во согласност со законот.
  4. При уписот, се наведува дека основната главнина е зголемена од средства на друштвото.

Потребни документи

  • Пријавата за упис на зголемување на основната главнина од резервите;
  • одлуката за зголемување на основната главнина со претворање на резервите во основна главнина;
  • усвоената годишна сметка врз основа на која е донесена одлуката за зголемување на основната главнина, за која ревизорот изразил ревизорско мислење без резерва или мислење со резерва која не ја доведува во прашање објективноста на годишната сметка и
  • изјава од управителот, заверена кај нотар, дека од денот на којшто се однесува го-дишната сметка до денот на поднесувањето на пријавата не настанале измени во имотот на друштвото што би го попречиле донесувањето на одлуката за зголемување на основната главнина.