Информации

Централен регистар на РМ
бул. Кузман Јосифоски Питу бр.1, 1000 Скопје
Тел. + 389 (2) 3290 241,
+ 389 (2) 3290 248
Факс.+ 389 (2) 3123 169
Работно време
Понеделник до петок: 8.30 - 16.30

Упис на зголемувањето на основната главнина со преземање на нови влогови (Друштво со ограничена одговорност)

Зголемување на основната главнина се врши со одлука на собирот на содружниците што има карактер на одлука со којашто се врши измена на договорот за друштвото. Зголемување на основната главнина може да се врши со преземање:

  1. нови влогови и
  2. со внесување на резервите и на добивката на друштвото во основната главнина.

Опис на постапка (Упис на зголемувањето на основната главнина со преземање на нови влогови)

  1. По уплатата на паричните влогови, односно внесувањето на непаричните влогови со коишто се зголемува основната главнина, во согласност со одлуката за зголемување на основната главнина, се поднесува пријава за упис на зголемувањето на основната главнина во трговскиот регистар.
  2. Пријавата за упис на зголемување на основната главнина со преземање на нови влогови, во трговскиот регистар ја поднесува управителот, односно лицето кое што тој ќе го овласти со полномошно заверено кај нотар.
  3. Пред да се објави уписот на зголемувањето на основната главнина во трговскиот регистар, друштвото не смее во своите деловни објави и преписки да го спомнува зголемувањето на основната главнина.
  4. Во објавата на уписот дека е зголемена основната главнина на друштвото, се наведува содржината на уписот, а ако во друштвото се внесени непарични влогови се наведуваат и договорите со коишто е извршено внесувањето на непаричните влогови.
  5. Во објавата на уписот е доволно само да се упати на исправите што се приложени кон пријавата за упис.

Потребни документи

  • пријавата за упис на зголемената основна главнина;
  • одлуката за зголемување на основната главнина;
  • изјавите за преземање на влоговите заверени кај нотар;
  • список на лицата кои презеле нови влогови, потпишан од страна на подносителот на пријавата во којашто се наведуваат износите на преземените и уплатените влогови во што се уплатени, и докази дека се уплатени коишто се приложуваат кон списокот, а ако влоговите ги преземаат постојните содружници на друштвото-вкупниот износ на нивните влогови;
  • договор со којшто е извршено внесување на непаричните влогови ако основната главнина се зголемува со внесување непарични влогови и
  • доказ за сопственост во којшто е извршена прибелешка во јавна книга за евиденција на недвижни ствари, а ако се внесува подвижна ствар за којашто со закон, е определена обврска за евиденција (регистар)-доказ за сопственост над подвижната ствар.