Информации

Централен регистар на РМ
Бул. Кузман Јосифоски Питу бр.1 1000 Скопје
Тел. + 389 (2) 3290-241,
+ 389 (2) 3290-248
Факс.+ 389 (2) 3123-169
Работно време
Понеделник до петок: 8.30 - 16.30

Упис, промена, бришење и информација за заложените предмети

Во Заложниот регистар се врши упис, промена, бришење и давање на информација за заложените предмети.

Опис на постапка за упис, промена, бришење на заложените предмети

  1. Регистрација, промена или бришење се врши врз основа на нотарски акт или потврда од страна на нотарот за склучениот договор за залог (солемнизација).
  2. Овие акти во Регистарот ги доставува нотарот, од него овластено лице или договорните странки доколку така се договорат.
  3. Регистрација, промена, бришење во Заложниот регистар се врши врз основа на пропишани обрасци- Пријава за упис, промена, бришење и продолжување на траење на рок на упис на залог.
  4. Доставувањето на документацијата за регистрирање, промена, бришење, како и барањето за давање на информација се врши лично, со доставување на документите во просториите на заложниот регистар или со нивно доставување по пошта.

Секое правно или физичко лице може да бара информација за одреден заложен предмет, притоа:

  • информација се дава врз основа на барање за издавање на информација;
  • подносителот на барањето во образецот го наведува предметот на барањето и вака оформен се доставува лично или преку пошта до Заложниот регистар на подвижни предмети и права. Истата веднаш се издава на подносителот.

За извршениот упис, промена, бришење и продолжување на траење на рок на упис на залогот, како и издавањето на информација од Заложниот регистар се плаќа соодветен надомест, утврден со Тарифникот на Централен регистар на Република Македонија.

Потребни документи (Упис, промена, бришење на заложени предмети)

  • нотарски акт или потврда од страна на нотарот за склучениот договор за залог (солемнизација);
  • Пријава за упис, промена, бришење и продолжување на траење на рок на упис на залог;
  • тековна состојба на правното лице и
  • документ за идентификација (лична карта, пасош или од друга исправа за утврдување на идентитетот  на овластениот подносител).

Потребни документи (Информација за одреден заложен предмет)

  • барање за издавање на информација и
  • документ за идентификација (лична карта, пасош или од друга исправа за утврдување на идентитетот  на овластениот подносител).