Информации

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
ул. Аминта Трети бр. 2 1000 Скопје Република Македонија
тел:(02) 3134 477
факс:(02) 3230 429
е-пошта: info@mzsv.gov.mk

Упис во Регистарот на увозници на вино

Вино увезено во Република Македонија може да стави во промет само правно лице запишано во Регистарот на увозници на вино 

Во Регистарот може да се запише правно лице кое е регистрирано за вршење трговска дејност.

За запишување во Регистарот правното лице поднесува БАРАЊЕ до Министерството за земјодели со потребната документација.

Со БАРАЊЕТО увозникот на вино до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги поднесува и следните документи:

  • Извод за тековна состојба на правно лице издадена од Централниот Регистар на Република Македонија кој не може да биде постар од 30 дена, со назнака „Општа клаузула за бизнис“ и/или шифра на дејност „46.34 – Трговија на големо со пијалоци“ и/или „47.25 – Трговија на мало со пијалоци во специјализирани продавници“.
  • Известување за започнување на вршење на дејност издадено од Министерство за труд и социјална политика – Државен инспекторат за труд,
  • Пријава за исполнетост на минимално технички услови и други услови пропишани со закон за вршење на трговија на големо и мало заверена од Државен пазарен инспекторат – Министерство за економија и од надлежниот орган на општината односно Градот Скопје,
  • доказ за платени административни такси, и
  • доколку правниот субјект е регистриран за дејност „47.25 – Трговија на мало со пијалоци во специјализирани продавници“ важечка Лиценца за продажба на алкохолни пијалоци издадена од Министерството за економија.

Документацијата се доставува во оригинал или копија заверена на нотар.