Информации

Управа за финансиска полиција
Кеј Димитар Влахов кат 4 бр. 4, 1000 Скопје
тел. +389 (2) 3106-645
факс. +389 (2) 3231-578

Управа за финансиска полиција

Управата за финансиска полиција е орган во состав на Министерството за финансии.

Управата  е орган со посебни овластувања согласно Законот за кривична постапка кој се грижи за доследна примена на прописите, особено од областа на финансиското, даночното и царинското работење. Со новиот закон прецизно се уредија надлежностите и овластувањата на Управата за финансиска полиција при откривањето и гонење на сложени појавни форми на организиран финансиски криминал во Република Македонија.