Информации

Управа за финансиско разузнавање
ул. Ѓуро Стругар бр. 5, 1000, Скопје
Зграда на Технометал Вардар 4ти кат
тел. +389 2 3297 540
факс. +389 2 3224 824
Е-пошта. contact@ufr.gov.mk

Управа за финансиско разузнавање

За  прибирање,  обработување,  анализа,  чување  и  доставување  на  податоците добиени од субјектите кои се обврзани за преземање мерки и дејствија за откривање и спречување на перење пари и финансирање на тероризам, се основа Управа за финансиско разузнавање.

Управата ги има следните надлежности: 

  • бара, прибира, обработува, анализира, чува и доставува податоци добиени од субјектите врз основа на овој закон,
  • прибавува финансиски, административни и други податоци и информации, неопходни за извршување на своите надлежности,
  • изготвува и поднесува извештаи со мислење до надлежните државни органи, секогаш кога постои основ на сомневање за сторено кривично дело перење пари и финансирање на тероризам,
  • ги известува надлежните државни органи за постоење на основ на сомневање за сторено друго кривично дело,
  •  издава писмен налог на субјектот со кој привремено ја задржува трансакцијата,
  • поднесува барање за поднесување на предлог за определување на привремени мерки до надлежниот јавен обвинител,
  • поднесува налог за следење на деловниот однос до субјектот,
  •  поднесува барање за покренување на прекршочна постапка пред надлежниот суд,
  •  соработува со субјектите од членот 5 на овој закон, Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиската полиција, Јавното обвинителство, Царинската управа, Управата за јавни приходи, Државниот девизен инспекторат, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, Народната банка на Република Македонија, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, Агенцијата за супервизија на осигурување, Државната комисија за спречување на корупцијата и други државни органи и институции, како и со други организации, институции и меѓународни тела за борба против перењето пари и против финансирањето на тероризмот,
  •  склучува договори за соработка и разменува податоци и информации со овластени тела на други држави и меѓународни организации, вклучени во борба против перење пари и финансирање на тероризам,
  • врши надзор над субјектите за примената на мерките и дејствијата определени со овој закон,
  • поведува иницијативи или дава мислења на закони и подзаконски акти што се однесуваат на спречување и откривање на перење пари и финансирање на тероризам,
  • помага и учествува во професионалното усовршување на овластените лица и вработените во Одделот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам во субјектите од членот 5 на овој закон,
  •  утврдува листи на индикатори за анализа на ризик и за препознавање на сомнителни трансакции во соработка со субјектите и органите кои вршат надзор врз нивното работење,
  • планира и спроведува обуки за усовршување и оспособување на вработените во Управата,
  • дава појаснување во примената на прописите за спречување на перење пари и финансирање на тероризам и
  • врши други работи определени со закон.
  • Управата работите од своја надлежност ги врши согласно со закон и ратификуваните меѓународни договори со кои се уредува спречувањето перење пари или финансирање на тероризам.
  •  Управата работите во делот на надзорот ги врши со согласно регулативата за инспекциски надзор, доколку со овој закон поинаку не е уредено.
  • Личните податоци прибрани за целите на овој закон се користат во согласно со овој закон и регулативата за заштита на личните податоци. 2
  • Управата еднаш годишно изготвува извештај за работите од својата надлежност и програма за работа за следната година и ги доставува до министерот за финансии и до Владата на Република Македонија. Управата може да достави и друг извештај по барање на министерот за финансии или на Владата на Република Македонија.
  •  Средства за финансирање на Управата се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија.