Информации
Управа за прашања на борците и воените инвалиди
Бул „Кочо Рацин“ бр. 14, 1000 Скопје
тел. +389 (2) 3114660
факс. +389 (2) 3120897
Управа за прашања на борците и воените инвалиди
Управата за прашања на борците и воените инвалиди преку одделението за боречка и инвалидска заштита и преку мрежата на извршители распоредени низ целата држава се ангажира на работи од областа на заштита на правата на борците од Антифашистичката војна и од сите националноослободителни војни на македонија, на воените инвалиди, на прогонуваните и затвараните за идеате на самобитноста на македонскиот народ и неговата државност, како и заштита на членовите на нивните семејства, кои немаат можност за материјалната и социјална егзистенција.
Управата треба се грижи за остварување на следните права од инвалидската и боречката заштита:
- Воена инвалиднина
- Семејна инвалиднина
- Инвалидски додаток
- Материјално обезбедување
- Додаток за нега и помош
- Ортопедски додаток и
- Здравствена заштита (Воените инвалиди, корисниците на семејна инвалиднина и борците корисници на материјално обезбедување, кои немаат друг основ на здравствено осигурување по прописите од областа на здравството, здравствено се осигурани според прописите од областа на боречката и инвалидската заштита).