Информации

ДКП на Република Македонија во соодветната држава

- Министерство за надворешни работи на РМ
бул. „Филип Втори Македонски“ бр. 7 1000 Скопје Република Македонија
Тел: +389 2 3115 266 Факс: +389 2 3115 790 Е-пошта:mailmnr@mfa.gov.mk

Влез на странец во РМ без виза

Во овој случај, странецот влегува во РМ со  важечка патна или друга исправа, при преминување на државната граница, на граничен премин му се врши гранична контрола.

На барање од Полицискиот службеник  на Граничниот Премин, должен е да ја наведе причината за неговото барање да влезе на територијата на РМ. На увид може да бидат побарани и докази кои го оправдуваат неговиот престој и тоа:

  • за службени, деловни, бизнис посети – покана од трговско друштво или друг орган за учество на состанок или друг настан поврзан со трговија, индустрија или работа; друга докуметација врз основа на која може  да се утврди постоење на трговски односи или деловна соработка; влезни билети за саеми , конгреси и сл.
  • за приватни причини и туризам – покана од домаќинот, документ како поткрепа од установата која обезбедува сместување, потврда за резервација за организирано патување, повратен или билет за транзитно патување.
  • за други причини – влезни билети, покани за учество на политички, научни, културни,спортски или верски настани.

Висината на средствата за престој во РМ за секој ден потребно е да изнесува по 50 €.

Странци, носители на важечка патна исправа на трета земја, за која согласно визниот режим  на Република Македонија е потребна виза за влез РМ , можат да влезат без виза, доколку:

  • имаат регулирано постојан престој во земја членка на ЕУ или потписничка на Шенгенскиот договор, односно поседуваат важечка повеќекратна Шенген Ц виза со рок на важност подолг од најмалку 5 дена од планираниот престој на странецот во Република Македонија.

Државјаните на земјите членки на Европската унија и на земјите потписнички на Шенгенски договор можат да влегуваат во Република Македонија а и со важечка лична картa,  издадена од надлежните органи на земјите членки на Европската унија и потписнички на Шенгенскиот договор, притоа:

  • при секој влез во РМ, странецот може да престојува најмногу 15 дена;
  • вкупното траење на последователните престои во РМ, не смее да биде подолго од 3 месеци во текот на секој шестмесечен   период, сметајќи од денот на првото влегување.