Информации

ДКП на Република Македонија во соодветната држава

- Министерство за надворешни работи на РМ
бул. „Филип Втори Македонски“ бр. 7 1000 Скопје Република Македонија
Тел: +389 2 3115 266 Факс: +389 2 3115 790 Е-пошта:mailmnr@mfa.gov.mk

Влез на странец во РМ со виза

Визата преставува дозвола која е потребно да се има пред да се патува за краток престој за посета на роднини и пријатели, за туристички посети, за деловни посети, за учество на конференции и за транзитирање низ Република Македонија.

  • Странец кој има намера да влезе и престојува во РМ или да помине преку територијата на РМ, треба да обезбеди соoдветна виза пред неговото влегување во РМ.

Опис на постапка

  1. Барањето заедно со комплетната пропратна документација,се поднесува до територијално надлежното ДКП. Во случај кога во државата во која странецот живее односно престојува, нема дипломатско-конзуларно преставништво на Република Македонија, странецот барањето за издавање на виза го поднесува до дипломатско-конзуларното преставништво на Република Македонија во најблиската држава;
  2. Барањето за издавање виза заедно со останатите задолжителни документи, се поднесува лично. По исклучок, кога растојанието до дипломатско-конзуларното преставништво на Република Македонија е преголемо, а не постои сомневање во однос на чесната намера на барателот, дипломатско-конзуларното преставништво на Република Македонија во странство може да овозможи, барањето да доставено до ДКП (амбасадата/конзулатот) по е-маил или преку по пошта, но во тој случај ќе мора лично да ја подигне визата;
  3. Во случај на електронско аплицирање за виза, документите задолжително се скенираат во JPG формат и тоа со резолуција од 300 dpi за фотографијата, односно 150 dpi за останатите документи;

За одлучување по барањето за виза кога е доставено на дополнителна проверка се постапува за 5 работни дена. Доколку е потребно повеќе време, се пролонгира барањето за уште 5 работни дена за кои што мора да се достави одговор.

Продолжување на виза во РМ

Во оправдани исклучителни случаи, визата може да се продолжи и во РМ од страна на МВР заради  виша сила, поради хуманитарни причини, болест , сериозни професионални или лични причини на странецот.

Отповикување на визата и скратување на визата

Отповикување на визата може да направи МВР на граничен премин, а ако странец не остварил влез во РМ, ДКП на РМ во странство што ја издало.

Право на жалба

Доколку по барањето за виза е негативно одлучено, странецот нема право на жалба.

Странецот може да поднесе молба во која треба да бидат наведени причините за кои се смета дека барањето треба да биде решено позитивно и да се приложат нови документи кои ќе ја поткрепат молбата. По разгледување на молбата, надлежната служба може да ја потврди негативната одлука или да донесе позитивна.

По добивање на негативна одлука по барање за виза, странецот има право да поднесе ново барање, поткрепено со потребна документација и тоа барање службата го разгледува и по него донесува одлука.

Потребни документи

  • уредно пополнето барање за издавање на виза;
  • важечка и призната патна исправа со рок на важност најмалку 3 месеци подолг од планираниот престој на странецот во РМ;
  • фотографија во боја на бела позадина која  верно го прикажува  ликот;
  • доказ за платена такса за обработка на барањето за издавање на виза;
  • документи за (индивидуално или колективно) патничко осигурување (полиса издадена од осигурително правно лице во државата каде престојува);
  • документи со кои ја докажува целта и околностите на планираниот престој во Република Македонија (гарантно писмо од физичко лице односно поканата од правно мора да бидат заверени од нотар) и
  • доказ дека поседува доволно средства за престојот во РМ.