Информации
Агенција за електронски комуникации на РМ
ул. “Димитрие Чуповски” бр.13, 1000 Скопје
тел:+389 (2) 3289 - 200
факс:+389 (2) 3224 - 611
е-маил: contact@aec.mk
Воздухопловна и поморска мобилна служба
- Воздухопловна мобилна служба – е мобилна радиокомуникациска служба помеѓу воздухопловни и авионски станици или помеѓу авионски станици во која можат да учествуваат и станици на објекти за спасување.
- Поморска мобилна служба – е мобилна радиокомуникациска служба помеѓу крајбрежни и бродски станици, или помеѓу бродски станици, или помеѓу станици за комуникација на брод.
Барањето за издавање на одобрение за користење на радиофреквенции во воздухопловна мобилна служба / пловни објекти за внатрешна пловидба се поднесува до Агенцијата во пишана форма согласно Правилник за формата и содржината на барањето за издавање на одобрение за користење на рф.
При поднесување на барањето за издавање на одобрение за користење на радиофреквенции се поднесува:
- пополнет образец за Барање, согласно упатството:
- доказ за извршена уплата на административна такса (копија од уплатница) согласно Упатство за уплата на административни такси и
- копија од решение од Централен регистер на РМ.
За користење на радиофреквенции за воздухопловна мобилна служба / пловни објекти за внатрешна пловидба се плаќа годишен надоместок според Правилник за начинот на пресметка на годишниот надоместок за користење на радиофреквенции.