Информации

Управа за јавни приходи на РМ
Генерална дирекција
бул. Кузман Jосифовски-Питу бр.1, 1000 Скопје
Тел.
+389 (2) 3299 500; 075/346 986
Факс
+389 (2) 3281 010
Email:
info@ujp.gov.mk
Инфо центар:
0800 33 000
Пријави неправилности::
198
Работно време
од понеделник до петок
од 08:30 до 16:30 часот Регионални дирекции

Враќање на повеќе платен придонес и персонален данок

Управата за јавни приходи врши враќање на повеќе платен придонес и персонален данок, како составен дел на наплатата на придонес. Постојат два вида враќање на повеќе платениот придонес и персонален данок на доход,  Автоматско враќање на средствата и Враќање на средствата на сметка.

Автоматско враќање на средства

Автоматско враќање на средства претставува износ за кој автоматски се намалува обврската за плаќање на придонесот и персоналниот данок за наредниот месец.

Износот на повеќе платен придонес и персоналниот данок во тековниот месец се јавува како Автоматско враќање на средства (износ кој се одбива од месечниот износ на придонес) во „Декларацијата за прием“ за наредниот месец.

Враќање на средствата на сметка

Враќањето на повеќе платениот придонес и персоналниот данок во готови пари на сметка се врши врз основа на претходно доставено „Барање за поврат на повеќе уплатени средства за придонеси и персонален данок“ (образец БПС).  Барањето се доставува до надлежната даночна канцеларија, каде што се наоѓа седиште на обврзникот.

Како барател на повеќе платен придонес може да се јави:

  • обврзникот за пресметка и уплата;
  • обврзникот за плаќање.

Обврзникот за пресметка и уплата на придонес или обврзникот за плаќање на придонес, може да се јават како баратели за враќање на повеќе/погрешно платен придонес и персонален данок во следните случаи:

  1. Кога обврзникот за пресметка и уплата, по грешка, пресметал и уплатил придонес и персонален данок за обврзник за плаќање кој повеќе не работи кај него.  Бидејќи во овој случај обврзникот за пресметка и уплата неможе да поднесе исправка на МПИН за тој обврзник за плаќање (од причина што во евиденцијата за обврзникот за пресметка и уплата повеќе не се наоѓа ЕМБГ на тој обврзник за плаќање, и контролата во ЈАДРОТО нема да ја дозволи оваа исправка), враќањето на погрешно платениот придонес ќе се изврши во готови пари.
  2. Кога обврзникот за пресметка и уплата поднел исправка на МПИН преку „Вид на обврска 103„ за еден обврзник за плаќање, при што повеќе платениот придонес и персонален данок, се евидентираат како „поврат на средства од идни уплати„ за кои со поднесувањето на МПИН пријава за наредниот месец, би требало да се изврши автоматско враќање. Но, доколку обврзникот за плаќање повеќе не е во работен однос (отказ, пензионирање, вработување кај друг обврзник за пресметка и уплата) кај обврзникот за пресметка и уплата наредниот месец, во тој случај повеќе платениот придонес и персонален данок ќе се вратат во готови пари.
  3. Кога има двапати платен придонес и персонален данок на доход врз основа на еден ист фолио број. (Ова само за појавените случаи во месец Февруари. Во иднина нема да може да има вакви уплати.)
  4. Кога нема одбивање на аконтациите при конечната преметка. Обврзникот за пресметка и уплата има поднесено аконтација (МПИН со вид на обврска 100) и има платено по истата, но при поднесувањето на конечната пресметка (МПИН со вид на обврска 333) не се одбиени платените аконтации. Во овој случај, обврзникот за пресметка и уплата го има платено целиот износ од налогот ПП 53 од конечната преметка, независно од тоа што од тој износ не се одбиени претходно платените аконтации. Во овој случај, постои повеќе платен придонес и персонален данок за износот на платените аконтации.
  5. Кога погрешно платениот придонес и персонален данок произлегува од направена грешка на банката. На пример, наместо од трансакциската сметка на обврзникот за пресметка и уплата чиј ЕДБ стои на налогот ПП 53, банката истиот го реализира од трансакциска сметка на друг обврзник. Во овој случај, банката сама треба да направи пренос на средствата од сметката на обврзникот за пресметка и уплата од кои требало да биде реализиран налогот ПП 53, на сметката на обврзникот од која се реализирал истиот. Ова поради тоа што најчесто овие две сметки се наоѓаат кај истата банка. Во системот за интегрирана наплата, уплатите за придонесите и персоналниот данок се врзуваат со соодветниот фолио број независно од тоа од чија сметка истите се реализирани. Овие случаи (рекламации од банките) не се разрешуваат со решение за поврат на погрешно платен придонес и персонален данок, туку кај носителот на платен промет.