Информации

Здравствен преглед на кандидат за возач и на возач

Kандидатите за возачи на моторни возила се должни пред почетокот на обуката да се подложат на здравствен преглед.

На здравствениот преглед се утврдува дали кандидатот за возач или возачот ја има потребната здравствена и психофизичка способност за управување со моторни возила.

Здравственот преглед го врши здравствена установа.

За извршениот здравствен преглед, здравствената установа издава уверение за здравствена и психофизичка способност за управување со моторни возила.

Возачите на моторни возила се должни да се подложат и на контролни здравствени прегледи.

На автошколата која ќе нареди или дозволи обука на кандидати за возачи спротивно на оваа одредба ќе и се изрече глоба во износ од 2.000 евра во денарска противвредност, глоба од 30% од одмерената глоба за автошколата ќе му се изрече и на одговорното лице во автошколата и Прекршочен платен налог со глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на возачот.

Уверението за здравствена и психофизичка способност на кандидатот за возач, во времето на оспособување со моторно возило, при полагање на возачки испит, кога се поднесува барање за издавање на возачка дозвола за прв пат, како и кога се врши заверка на нова категорија во возачката дозвола не смее да биде постаро од 18 месеца.

На контролен здравствен преглед задолжително подлежи:
– возач кој управува со моторно возило со кое се врши јавен превоз, во временски интервали што не можат да бидат подолги од три години;
– возач на кого му е издадена возачка дозвола за управување со моторни возила од категориите „Ц“, „Ц1“, „ЦЕ“, „Ц1Е“, „Д“, „Д1“, „ДЕ“, „Д1Е“ и „Т“ пред секое продолжување на важноста на возачката дозвола;
– возач на моторно возило на кого му е издадена дозвола со пократок рок на важност заради здравствената состојба;
– возач на моторно возило кој наполнил 65 години возраст, во временски интервали кои
не можат да бидат подолги од три години и
– возач-инструктор пред секое продолжување на важноста на дозволата за возач-инструктор.

Трошоците за контролниот здравствен преглед на возачот на моторно возило се на товар на правното или физичкото лице кај кого возачот е вработен.

Трошоците за контролниот здравствен преглед другите возачи сами ги поднесуваат.

Ако при здравствен преглед на кандидатот за возач или возач на моторно возило, се утврди дека постои здравствена или психофизичка неспособност за управување со овие возила, ќе се смета дека возачот не е способен за управување со возило, додека поинаку не биде утврдено од посебна комисија, што ја формира министерот за здравство.

Правните и физичките лица што вработуваат возачи, не смеат да дозволат со нивните моторни возила да управува возач кој не се подложил на контролниот здравствен преглед на кој бил упатен согласно со членот 330 од овој закон.

На правното лицe кое постапува спротивно на оваа одредба ќе му се изрече глоба во износ од 2.000 евра во денарска противвредност.