/ Прочитано:

810

СЕРВИСНИ ИНФОРМАЦИИ: Индивидуалните осигуреници кај матичните лекари ќе ги подигнуваат здравствените електронски картички

Вторник, 18 јуни 2013 – Здравствените индивидуални осигуреници кои имаат поднесено барање и извршена уплата, електронските здравствени картички ќе можат да ги подигнат од своите матични лекари. До крајот на летото околу 900.000 електронски картички треба да стигнат до граѓаните,  со забрзана динамика ќе се дистрибуираат новите здравствени документи со помош на матичните лекари, информираат од Фондот за здравствено осигурување ФЗОМ.

Здравствените индивидуални осигуреници кои имаат поднесено барање и извршена уплата, електронските здравствени картички ќе можат да ги подигнат од своите матични лекари, информираат од ФЗОМ.

ФЗОМ во идниот период ќе достави списоци со изработените картички до сите избрани лекари. Потоа, матичните лекари ќе имаат обврска да ги контактираат своите пациенти. Оние кои имаат уплатено, ќе си ја подигнат од избраниот лекар. Оние на кои картичката им е изработена, а не е платена, ќе можат да ја подигнат со уплатница од подрачната служба на ФЗОМ во соодветниот град.

Како индивидуални осигуреници се сметаат пензионери, земјоделци, самостојните вршители на дејност, уметниците. Оние осигуреници кои за електронска здравствена картичка аплицирале како правни лица, преку фирма, картичките ќе ги добијат на тој начин.

Од ФЗОМ информираат дека до крајот на летото околу 900.000 електронски картички ќе стигнат до граѓаните.