/ Прочитано:

1.701

СЕРВИСНИ ИНФОРМАЦИИ: Повик од АВРМ за доделување неповратни средства за само вработување

Понеделник, 11 февруари 2013Невработените жители на општините Аеродром и Центар од денеска ќе имаат можност да се запознаат со плановите и мерките што Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ) ги презема за олеснување и субвенционирање на самовработувањето. АВРМ пред неколку дена објави повик за доделување неповратни средства за набавка на опрема и/или репроматеријали во висина од 185.000 денари и помош во трошоците за регистрација на фирма.

Право на овие неповратни средтсва имаат долгорочно невработени (над 1 година евидентирани во АВРМ), лица на возраст од 30-49 години, млади лица до 29 годишна возраст, поранешни вработени лица во дејноста на енергетиката на кои работниот однос им престанал поради деловни причини, професионални војници на кои им престанала службата во АРМ, корисници на паричен надоместок по основ на невработеност, но и за корисници на социјална парична помош, деца без родители и родителска грижа, жртви на семејно насилство и сл.

Невработените жители на општините Аеродром и Центар од денеска ќе имаат можност да се запознаат со плановите и мерките што Агенцијата за вработување ги презема за олеснување и субвенционирање на вработувањето. Во Аеродром средбите ќе се одржат со почеток од 14.30 часот во просториите на Основното училиште „Блаже Kонески“, а во Центар ќе почнат во 17 часот во општинските простории, во барака број шест.