СЕРВИСНИ ИНФОРМАЦИИ: Превозниците ќе плаќаат административна такса со платежни картички
– Од седми март покрај оваа година ќе имаме уште една новина, а тоа е можноста компаниите од дома да аплицираат за транспортна дозвола, да ја платат истата од дома и да дојдат во Министерството за транспорт и врски само за подигнување, изјави ресорниот министер Миле Јанакиески.
Барателот на дозволата, преку системот ќе биде информиран дали истата му е одобрена, а тој во исто време ќе може да плати со картичка. Според Јанакиески и Здружението на превозници во транспоротот оваа услуга особено ќе им значи на компаниите што се од другите од другите градови.
На годишно ниво се издаваат околу 70.000 поединечни транспортни дозволи, 4.000 сертификати, 1.000 лиценци за превоз на патници или стока и околу 500 дозволи за превоз на патници. Административната такса од 2007 година изнесува 300 денари.