/ Прочитано:

1.038

Шпанија ќе го екстрадира убиецот на премиерот Ѓинѓиќ во Србија

Четврток, 3 јануари 2013 – Шпанија ќе го екстрадира Владимир Милисављевиќ, еден од осудените за убиствотото на поранешниот премиер Зоран Ѓинѓиќ. Осуденикот ќе биде префрлен во Србија откако Врховниот суд на Шпанија ќе стави печат на одлуката за негова екстрадиција.

Владимир Милисављевиќ беше осуден во 2007 година на 35 години затвор, судскиот процес против него се водеше додека тој беше во бегство. Во истиот судски процес казни затвор им беа изречени и на другите припадници на таканаречениот „Земунски клан“, од кои четворица беа уапсени лани во февруари во шпанскиот град Валенсија. Сите се осудени на десетици години затвор за серија кривични дела во Србија и во Шпанија. Според судската одлука, Милисављевиќ доколку изрази желба, има право на повторно судење.

Милисављевиќ треба да одлежи казна затвор вкупно 82 години. За убиството на премиерот е осуден на 35 години, но има одлука проти него за одлежување и на 40 години затвор поради серија кривични дела во Србија каде дејствувал како член на „Земунскиот клан“. Со уште една пресуда против него го чекаат дополнителни 7 години затвор поради киднапирањето на српскиот тајкун и сопственик на „Делта“, Мирослав Мишковиќ.

Пред неколку месеци шпанската полиција ги уапси финансиерите на „Земунскиот клан“, а повеќето од нив се обвинети за убиството на поранешниот премиер Зоран Ѓинѓиќ.

>> Во Шпанија уапсени припадници на Земунскиот клан