/ Прочитано:

1.014

Штипската администрација со ново работно време: од 7 до 15 часот

Четврток, 6 март 2014 – Штипската општинска администрација со одлука на градоначалникот на Штип, Илчо Захариев, има ново работно време.

Администрацијата со работа ќе започнува и ќе завршува половина час порано, односно наместо од 7.30 до 15.30 часот, администрацијата ќе работи од 7 часот наутро до 15 часот.

Овој режим на работно време ќе биде на важност се до евентуално нова одлука на градоначалникот.