/ Прочитано:

815

Што го чека Готовина ако го посети Сараево: Србите се закануваат дека ќе го уапсат, Босанците го канат на ќебапи

Петок, 23 ноември 2012 –  Не стивнуваат лутите реакции од српската јавност за ослободителната пресуда од Хаг за хрватскиот генерал Анте Готовина. Овојпат, српските власти во Сараево се закануваа дека ќе го уапсат Готовина доколку тој влезе во Босна и Херцеговина (БиХ). Босанците негираат дека постои потерница по Готовина, му порачуваат дека е добредојден во Сараево, откако тој самиот изрази желба да ги вкуси сараевските ќебапи.

Анте Готовина преку босански новинари упати поздрав до командирот на босанската армија Атиф Дудаковиќ со којконфликтот имал одлична соработка. Сепак, изјавите на Готовина дека одвај чека да дојде во Сараево наидоа на жестоки реакции од властите на Република Српска.

Србите во Босна сакаат да го гонат, Босанците го чекаат на ќебапи

Српските медиуми пишпуваат дека доколку Готовина се упати кон БиХ, органите за прогон на Бих и Република Српска веднаш ќе го уапсат за операцијата „Маестрал“ од летото во 1995 година кога од западна Босна биле убиени 650 српски цивили, а протерани 120.000.

Симо Тушевљак, шефот на одделението за истражување и документирање на воени злосторства при Министерство за внатрешни работи на Република Српска уште еднаш потсетил дека на 30 јуни 2008 година поднел кривична пријава против Готовина и уште 14 лица до босанското обвинителство. Според него, сите се осомничени за воени злосторства кои во склоп на акцијата на Хрватската и Босанската армија под името „Маестрал“ од 8 до 17 август 1995 година убиле 650, а протерале 120.000 српски цивили од западна Босна и Херцеговина

Освен Готовина на списокот осомничени за акцијата „Маестрал“ се и Рахим Адеми, Дамир Крстичевиќ, Милјенко Филиповиќ, Љубо Чешиќ Ројс, Станко Сопта, Златон Мијо Јелиќ и Желјко Гласновиќ. 

Тушевљак потсетил дека Готовина самиот пред Хашкиот Трибунал има изјавено дека тој не е виновен за акцијата „Олуја“ бидејќи во тој период војувал во западна Босна и Херцеговина. За Тушевљак оваа изјава значи клучен доказ дека Готовина е одговорен за „Маестрал“. 

Босанкото обвинителство: Не постои потерница за Готовина

Обвивителството на БиХ ги негира информациите дека постои обвинение и потерница против Анте Готовина. Од обвинителството потврдиле дека се води истрага за одредени предмети кои се однесуваат за воени злосторства во акцијата „Маестрал“ против повеќе лица, но не е потврдено дека меѓу тие лица постои истрага и за Готовина. За да биде хрватскиот генерал уапсен во БиХ потребно е босанскаат пилицја да има распишпано потерниц против него, но за сега е сигурно дека потерница не постои.