/ Прочитано:

1.014

„Слободна Далмација“: Санадер и останатите затвореници за божиќната прослава ги забавувал бендот „Нисам крив“

Среда, 26 декември 2012 – Ако се суди по празничното мени на загрепскиот затвор „Реметинец“, прилагодено на народните обичаи, се чини дека сите 900-тина затвореници Божиќ го поминале многу подобро отколку поголемиот број хрватски граѓани, пишува „Слободна Далмација“.

Божиќната прослава за сите затвореници во „Реметинец“ почнала уште на 18 декември со божиќен концерт на музичката секција од казнено-поправниот дом – „Нисам крив“, а три дена подоцна имало и миса за стотици затвореници во спортската сала од затворот

Колективен дочек на Нова Година за „станарите“ на „Реметинец“ каде што моментално се наоѓа и поранешниот премиер на Хрватска, Иво Санадер, нема да има првично поради пребукираност, со оглед на тоа дека капацитетот на затворот од 582 затвореници е многу помал од моменталниот број кој се движи околу 900 затвореници.