/ Прочитано:

893

СЛУЧАЈ „ДАМАР“: ЛГБТИ заедницата повторно протестираше пред Обвинителството

Четврток, 13 ноември 2014 – Со  транспаренти на кои пишува „Истрагата е во тек… ДО КОГА!?, „легнати трупови“, фотографии…, ЛГБТИ активистите и нивните поддржувачи, втор пат протестираа пред Јавното обвинителство поради неажурноста нa институциите да ги пронајдат напаѓачите кои го демолираа кафе барот „Дамар“, при што неколку лица беа повредени.

ЛГБТИ активистите порачаа дека протестите ќе продолжат, се додека инситуциите не се изјаснат.

Директорката на Хелсиншкиот Комитет Уранија Пировска вели дека повторно протестираат пред Обвинителството, затоа што имаат информација дека полицијата поднела извештаи до Обвинителство.

Минатиот месец на прославата на годишнината од отворањето на ЛГБТИ центарот, беше демолиран кафе барот „Дамар“, а неколку од присутните беа повредени.

По претходниот протест, Јавниот обвинител Марко Зврлевски изјави дека не може да се очекува случајот да биде разрешен за еден месец.