Со АКАДЕМИК ПРАКТИЧНА ОБУКА до сознанија за најновата регулатива за банки и супервизија

Понеделник, 1 април 2013 – Во организација на АКАДЕМИК, на 4 и 5 април 2013 година, во деловниот центар Зебра ќе се одржи дводневна практична обука на значајни теми од областа на осигурувањето и банкарството – „Најнови измени во Законот за банки“, „Закон за супервизија на осигурување“, „Правна организација и работење во малопродажба“, „Пазарен и трудов инспекциски надзор“. 

Врвни обучувачи со практично искуство и за оваа практична обука на АКАДЕМИК

Практичната обука на 4 април, со почеток во 10 часот ќе ја отвори Милица Арнаудовска Стојановска – генерален директор во НБРМ која ќе говори на темата „Најнови измени во Законот за банки супервизија и контрола од НБРМ врз финансиските институции“.

На вториот дел од обуката ќе имате можност да ги слушнете искуствата на Билјана Јаневски Неделковска – раководител на сектор за регулатива и лиценцирање и Дарко Блажевски – раководител на одделение за истражување и развој при Агенцијата за супервизија на осигурувања (АСО). Обучувачите акцент ќе стават на :

  • осигурителни понуди;
  • контрола врз ризиците поврзани со осигурувањето;
  • вондреден надзор во осигурувањето;
  • исплата на штети, правила и најдобри практики.

Вториот ден, на 5 април обучавачот Ненад Гавриловиќ – доцент на Правниот факултет „Јустинијан Први“ ќе ве запознае со правната организација и работењето во малопродажa, со фокус на:

  • организација на малопродажба, осврт на подружници;
  • видови договори во малопродажба, франшиза, продажба на рати, промоции;
  • заштита на права на потрошувачи, осврт на Закон за трговија;
  • видови трговски договори.

Соња Солевска – инспектор во ДПИ, Oддел за инспекциски надзор и Горан Поповски – државен инспектор за труд во област на безбедност и здравје при работа, ќе говорат на тема „Пазарен и трудов инспекциски надзор“, а подетално ќе се осврнат на:

  • пазарен и трудов иснпекциски надзор во малопродажни објекти
  • опфат на наздор
  • инспекциски мерки

Вообичаено за практичните обуки на АКАДЕМИК, на крајот од обуката  е предвидено доволно време за прашања, дискусија и практични примери.

Scroll to Top