Четврток, 21 февруари 2013 – Во организација на АКАДЕМИК, на 28.02 2013 и 1.03.2013, во деловниот центар Зебра ќе се одржи дводневна практична обука на значајни теми од областа на работните односи – „Доуредување на права од работен однос“, „Осврт на одредени институти од работното право со судска пракса“, „Измените на Законот за работните односи во 2013 година и нови трендови во работното законодавство“ и „Управување со правните ризици во компаниите“.
Врвни обучувачи и за оваа практична обука на АКАДЕМИК
Практичната обука на 28 февруари со почеток во 10 часот ќе ја отвори Стојан Трајанов – државен советник за труд во Министерството за труд и социјална политика кој ќе говори на темата „Доуредување на права од работен однос“ со посебен осврт на најзначајните колективни договори и најзначајните подзаконски прописи во работното право.
Доуредување на права од работен однос
1.Преглед на најзначајните колективни договори
- важење на колективни договори / прашањето за менаџерите
- зошто е важно да се склучи колективен договор на ниво на работодавач
- најважни области каде се доуредуваат правата: опис на работните задачи, типови на работа; одмори и отсуства, распоред на работно време; причини за отказ; доуредување на постапка за колективни отпуштања; исплата на плата, надоместоци, дел за работна успешност, критериуми за мерење на работната успешност; односи со синдикални претставници
2.Преглед на најзначајни подзаконски прописи во работното право
На вториот дел од обуката ќе имате можност да ги слушнете искуствата на др. Зоран Михајловски, судија во Апелационен суд Скопје кој ќе ќе даде осврт на одредени институти од работното право со судска пракса.
Осврт на одредени институти од работното право со судска пракса
- Mенаџерски договор и договор за вработување, сличности и разлики помеѓу овие договори, тужби за надомест на штета во работни односи или поврзани со менаџерски договори
- Kолективни отпуштања од деловни причини
- Парични побарувања на работниците од своите работодавачи
- Отстранување на незаконитост во работниот однос
- Понуда на нов, променет договор пред отказ
- Престанување на важност на договорот за вработување со судска пресуда
- Тужби и провремени мерки поврзани со право на штрајк
- Мобинг и нови трендови во законодавството
Со измените на Законот за работните односи во 2013 година и новите трендови во работното законодавство на вториот ден од практичната обука – 1 март, ќе ве запознае советникот за труд во Министерството за труд и социјална политика, Трајанов.
Вториот дел е резервиран за Георги Димитров, управувачки партнер вo адвокатско друштво „Георги Димитров адвокати“ кој ќе говори на тема „Управување со правните ризици во компаниите“, со посебен фокус на управување со правните ризици поврзани со правата од работен однос и безбедност и здравје.
Вообичаено за практичните обуки на АКАДЕМИК, на крајот од обуката е предвидено доволно време за прашања, дискусија и практични примери.