/ Прочитано:

900

Со камери против насилството и кражбите – ЈСП ќе снима што се случува во автобусите

Понеделник, 18 ноември 2013 – Иако и претходниот месец имаше најави дека ќе се воведуваат камери во автобусите, се чини дека најновите насилства во ЈСП ја кулминираа потребата за итно преземање на безбедносни мерки.

Од тие причини , раководството на ЈСП донесе одлука да се воведат камери со снимачи, како и да се зголеми бројот на контролорите по автобуси кои се лоцирани како проблематични.

Според директорот на ЈСП – Скопје, Мишо Николов, во тек бил процедурата за набавка на снимачи со кои ќе можело да се утврди кои се сторителите на инциденти.

„Сега имаме постапка за набавка на 50 снимачи, кои ќе бидат поставени во автобусите на понебезбедните линии според нашите сознанија. Снимачите ќе ги купуваме во неколку години, затоа што е финансиски товар,“ информираше за процедурата директорот на ЈСП-Скопје.