/ Прочитано:

723

Со зголемени даноци во борба против пушењето – од 1 јули поскапуваат цигарите

Петок, 30 мај 2014 – Зголемете ги даноците, намалете ги смртните случаи и болестите e мотото под кое годинава се одбележува Светскиот ден на борба против пушењето.

По тој повод министерството за здравство, Светската здравствена организација, Инстутутот за социјална медицина и Медицинскиот факултет во Скопје, организираат стручен состанок на кој ќе бидат презентирани резултати од студијата за употребата на тутунот и тутунските прозводи кај здравствените работници во Македонија.

Како дел од активностите за одбележување на Светскиот ден за борба против пушењето се најавени и информативни предавања за негативните ефекти врз човековото здравје, што ќе се одржат во 18 основни и средни училишта во Гостивар, во организација на одделението за здравство на Младинскиот совет во општината.

Инаку, согласно новите регулативи за акцизи на цигарите, новната цена ќе порасне, па така  од 1 јули 2014 година, стапката на специфичната и минималната акциза на цигарите ќе се зголеми за 0,15 денари за цигара, а од 1 јули 2016 година заклучно со 1 јули 2023 година, пак, оваа стапка цигарите ќе се зголемува за 0,20 денари за парче во секоја година. Пресметките покажуваат дека секоја година цигарите ќе поскапуваат во просек по 4 денари за кутија, што значи дека до 2023 година, една кутија што денес се продава за 40 денари ќе чини околу 90 денари.