/ Прочитано:

1.221

Советување на тема: „Кривични дела во врска со криумчарење, царинска измама“

Среда, 13 ноември 2013 – Денеска во организација на Академијата за судии и јавни обвинители ќе се одржи советување на тема: „Кривични дела во врска со криумчарење, царинска измама“.

Советувањето, кое ќе се одржи во просториите на Академијата,  е наменето за судиите од кривичните оддели и јавни обвинители од сите апелациони подрачја, како и претставници на Царинска Управа и Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.

Предавачи на советувањето се  Билјана Делова Николова, судија во Основен суд Гевгелија и Дејан Атанасовски, Виш инспектор во Службата за борба против криумчарење при Царинската управа на Република Македонија.