/ Прочитано:

1.754

Сoветување на тема: „Менаџерскиот договор наспроти договорот за вработување / Аспекти на системите на управување на трговските друштва“

Четврток, 7 ноември 2013 – Академијата за обука на судии и јавни обвинители во соработка со УСАИД организира советување на тема: „Менаџерскиот договор наспроти договорот за вработување / Аспекти на системите на управување на трговските друштва“.

Советувањето е предвидено да се одржи на 15 ноември 2013 година (петок) во просториите на Академијата за обука на судии и јавни обвинители.

„Сите адвокати кои се заинтересирани да земат активно учество на ова советување, задолжително да се пријават во Адвокатска комора на Република Македонија на е-маил. lawyermk@mba.org.mk, најдоцна до 11 ноември 2013 година“, известуваат од АКРМ.