/ Прочитано:

824

Советување на тема – „Односите меѓу судиите и адвокатите: домaшни и фрaнцуски искуствa“

Понеделник, 28 октомври 2013 – „Односите меѓу судиите и адвокатите: домашни и француски искуства“ е советувањето кое денеска и утре (28 и 29 октомври) ќе се одржи во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители, со почеток во 10:30 часот.

Академијата за судии и јавни обвинители во рамките на потпишаниот Меморандум за соработка со Амбасадата на Франција во Македонија и француската Државна правосудна академија, а во соработка со Адвокатската комора на Рeпублика Македонија (АКРМ) организира советување на тема „Односите меѓу судиите и адвокатите: домашни и француски искуства“.

На советувањето ќе учествуваат судии од сите апелациони подрачја и претставници од адвокатурата.

Со воведно обраќање до присутните советувањето ќе го отворат: Лорaнс Оер, амбасадор на Република Франција во Република Македонија; Никола Додевски, претседател на АКРМ и Анета Арнаудовска, директор на Академијата за судии и јавни обвинители.

Излагањата поврзани со темата на советувањето ќе имаат и: Александра Герeн, јавен обвинител од Франција и Серж Алмодовар, адвокат од Франција.