Советување нa тема: „Прaктична примена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“
Петок, 1 номври 2013 – Денеска во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители ќе се одржи советување на тема „Практична примена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“.
Советувањето е наменето за службени лица од судовите и обвинителствата назначени за посредување со информациите од јавен карактер.
Целта на советувањето е запознавање на имателите на информации со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и обврските за имателите на информации кои произлегуваат од него, како и начинот на остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.