/ Прочитано:

951

Сoветување на тeма: „Практичнa примeнa на Законот за стечај и имплементација на измените и дополнувањата на законот од мај 2013 година“

Вторник, 1 октомври 2013Академијата за судии и јавни обвинители во рамките на Програмата за континуирана обука на судиите и јавните обвинители, денеска организира советување на тема „Практична примена на Законот за стечај и имплементација на измените и дополнувањата на законот од мај 2013 година“.

Советувањето се организира за судиите и советниците од одделите за стечај на судовите од сите апелациони подрачја.

Во рамките на советувањето, свои излагања ќе имаат: Дејан Костовски, правен консултант, Биљана Јачева, судија на Основен суд Велес и Татјана Сусулеска, судија на Апелационен суд Битола.

>> Новите законски измени ќе придонесат за брза и ефикасна стечајна постапка — Дејан Костовски, експерт за стечај