/ Прочитано:

1.308

СОВЕТУВАЊЕ: „Наплaтувaњe нa судска такса и извршување санкции согласно Судскиот деловник и Законот за судска такса“

Петок, 7 ноември 2014 – Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, денеска во своите простории организира советување на тема „Наплатување на судска такса и извршување санкции согласно Судскиот деловник и Законот за судска такса“.

Советувањето се организира за судски службеници кои работат на овие работни места од сите апелациони подрачја.

Во рамките на советувањето свои излагања ќе имаат Сашо Темелковски, судски администратор во Основен суд Прилеп и  Сузана Варналиева, судски администратор во Основен суд Велес.