Десетта специјализирана обука за новиот Закон за кривичната постапка – истражна постапка
Вторник, 21 мај 2013 – Десеттата специјализирана обука за новиот Закон за кривична постапка која се однесува на модул 2 – истражна постапка ќе се одржи од денеска до 23 мај 2013 година, во хотел Континентал, со почеток во 10:00 часот. Обуката е во организација на Академијата за судии и јавни обвинители, во соработка и со финансиска поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и ОПДАТ Програмата при Амбасадата на САД.
Целта на работилницата е целосна подготовка на правосудството за примена на новиот Закон за кривичната постапка, поточно да се презентираат новите законски решенија, да се дадат практични објаснувања на позначајните законски одредби, да се истакнат спорните ситуации и да се предложат мислења за нивно решавање, како и да се унапредат практичните знаења и вештини на правосудната полиција, судиите, јавните обвинители и адвокатите за постапувањето во кривичната постапка.
„Сите поважни одредби се разработени со теоретски дел кој е поткрепен со потребни материјали за практичните вежби кои заедно со прирачникот за обуката се објавени на web страната на Академијата. Поради интерактивноста на обуката и потребата од реализација на вежби од страна на учесниците на обуката потребно истите пред обуката да се запознаат со материјалите за вежбите“, посочуваат од Академијата за судии и јавни обвинители.
На обуката ќе присуствуваат вкупно 28 учесници, а ќе биде спроведена од едукаторскиот тим во чиј состав се: Мери Тромбева, обвинител во Вишо јавно обвинителство Битола, Павлина Јанкуловска, обвинител во Основното јавно обвинителство Битола, Маја Денковска, судија во Основен суд Куманово, Васко Георгиев, адвокат од Битола, Никола Тунтевски, началник во СВР Битола, Санде Китанов, началник на сектор за трговија со луѓе при одделот за организиран криминал во Министерството за внатрешни работи и , правен факултет Јустинијан Први – Скопје.