/ Прочитано:

559

СРБИЈА: Протест на синдикатите против Законот за работни односи

Четврток, 17 јули 2014 – Неколку илјади членови на Сојузот на самостојни синдикати на Србија и Обединети гранкови синдикати протестираат во Белград против усвојување на новиот Законот за работни односи, како измени во Законот за пензиско и инвалидско осигурување. Тие сметаат дека новите законски решенија ќе донесат илјадници отпуштања од работа и намалување на платите. Членовите на синдикатите, како што пренесуваат српските медиуми, носат транспаренти на кои пишува „Život prođe, penzija ne dođe”, „Napred, nazad, nemam gde, radna knjižica, prazna je” , а ја пеат и песната „Хипнотизирана Толпа“ од „Партибрејкерс“. Во српското Собрание продолжува седницата на чиј дневен ред се предлозите за измени на спорните закони.