/ Прочитано:

869

Србија размислува за легализација на марихуаната за медицински цели

Среда, 24 септември 2014 – Српскиот министер за здравство Златибор Лончар изјави дека неговото Министерство нема да прави проблеми околу употребата на марихуанта во медицината, како и околу сето останато што дава резултати при лечењето.

„Имаме различни студии кои покажуват дека марихуаната дава добри резултати во лекувањето. Но, сепак не сакаме да имаме нешто избрзано. Сакаме да ги информираме сите граѓани за што всушност станува збор“, изјави Лончар за денешен „Блиц“.

Лончар посочи дека граѓаните и експертната јавност ќе бидта информиреани за измените на законот што се однесува на марихуаната и нејзината примена во медицината.

Хуманитарната организација „Лекализуи“ ја поттикна иницијативата за измена на законот за употреба на канабисот во медицински цели.