/ Прочитано:

779

Србија се согласи: Најголемата џамија во Европа ќе се гради во Белград

Четврток, 6 март 2014 – Владата на Србија  го усвои заклучокот за прифаќање на заемот од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ ) во износ од една милијарда евра, пренесува Vijesti.ba.

Поголемиот дел од средствата на заемот ќе бидат инвестирани во проектот „Белград на вода“, а еден од условите за инвестирањето на пари од ОАЕ е изградбата на најголемата џамија во Европа.

Проектот „Белград на вода“, го претстави Мухамед Ал Абар, директор на новоформираната “Eagle Hills”, на презентацијата   присуствуваше заменик премиерот Александар Вучиќ.

Според министерот за финансии, Лазар Крстиќ, Србија на овој начин годишно ќе заштеди 40 милиони долари, или околу 400 милиони долари за десет години.