/ Прочитано:

1.159

Средба на претседателот на РМ Ѓорге Иванов со претседателот на Уставниот суд Никола Ивановски

akademik..

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска го прими претседателот на Уставниот суд на Република Македонија, Никола Ивановски, информираат од Кабинетот на претседателот на РМ.

На средбата, македонскиот претседател истакна дека досега постапувал исклучиво во рамки на своите права, должности и надлежности, почитувајќи го Уставот на Република Македонија.

Претседателот Иванов подвлече дека и во однос на актуелната ситуација ќе постапува во согласност со уставните одредби и исклучиво во интерес на државата и во интерес на граѓаните на Република Македонија.