/ Прочитано:

1.126

Среќата со регистрирани пари од фискална ќе се купува — нови предлози за јакнење на фискалната дисциплина (Предлог-законот е затворен)

Понеделник, 18 ноември, 2013 – Доколку граѓанинот не добие фискална сметка – нема обврска да плати. Ова се предвидува во новите измени и дополнувања на Законот за регистрирање на готовински плаќања предложени од Министерството за финансии. 

„Ако даночниот обврзник кој вовел и користи одобрен систем на фискална опрема на купувачот на доброто, односно корисникот на услугата во моментот на предавањето на доброто, односно на извршувањето на услугата не му издаде фискална сметка, купувачот на доброто односно корисникот на услугата нема обврска да ја плати цената на доброто, односно цената на услугата“ се вели во образложението на Предлог-законот поднесен од страна на Министерството за финансии.

Во насока, а во контекст на засилувањето на фискалната дисциплина и фискалните сметки како предмет на истата, Министесртвото за финансии најави и наградна игра во соработка со Државната лотарија. Предвидено е во текот на годината да има девет извлекувања со фонд на добивки од 25-30 .000 евра, а во секое извлекување автомобил, додека пак финалното коло да биде крунисано со највредните награди.

>> Погледнете го интегралниот текст на предлогот:  Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовинските плаќања (прво читање)  >> Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовинските плаќања (прво читање)