/ Прочитано:

1.073

Судење „Бришач 1“: Судењето повторно одложено

Среда, 12 септември 2012 – Поради семејни причини судијата го презакажа рочиштето за 19 септември во 10 часот. За разлика од минатиот пат, кога претресот беше одложен поради отсуство на еден од вештаците, денеска можеше да се забележи присуство на сите инволвирани во процесот. Обвинетиот на кој на едно од изминатите рочишта судот му одреди притвор, се уште не е достапен за органите на прогон. За следното рочиште предвидено е судот детално да ги разгледа извештаите за исплатените штети за сообраќајките. 

Во акцијата „Бришач“, уапсени беа 56 лица. Според обвинителството тие местеле стари и оштетени автомобили на патот во положба како да се случило удар. Потоа се јавувале во 192 и пријавувале сообраќајна незгода, а на лице место обвинетите полицајците ги изготвувале записниците. Истиот записник се праќал во осигурителните компании, поднесувале пријави за надомест на штета од каско осигурувањето на возилото, осигурување од автоодговорност, барале наплата на материјални и нематеријални штети. Бидејќи се воделе две истраги, обвинетите се поделени во два предмети.

>> Предметот за случајот „Бришач 1“ целосно проследете го тука.